СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Состанок на економски совет: Здравствениот систем да биде фокус за финансиска поддршка

Денеска се одржа состанок на економскиот совет, ад-хок тело од кое треба да произлегуваат насоки и препораки за справување со последиците по економијата, стопанството и финансискиот сектор од коронавирусот, во кое учествуваат претставници на Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија (МАНУ), на претставници на универзитетските заедници, на деловната заедница, како и претставници на стопанските комори и на опозицијата, информираше премиерот Оливер Спасовски.

„Најважниот фокус на мерките треба да биде финансиската поддршка на здравствениот систем за да се превенираат и последиците по јавното здравје за да не се случи подраматично влијание и штети во економскиот и финансискиот сектор“, вели Спасовски.

Тој  се заблагодари за укажувањата, насоките и препораките на економскиот совет.

„Како Влада остануваме посветени кон прифаќањето и примената на најсоодветните мерки за заштита на здравјето и безбедноста на граѓаните, како и за условите за одржување на економијата во оваа ситуација“, посочи тој.

Поврзани вести

Засилени контроли за новогодишните празници, најавува Инспекцискиот совет

Берта Китинска

Ажуриран списокот на кој може да проверите дали ви следува финансиска помош од државата

Влатко Зорба

Иван Костиќ нов директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп

Влатко Зорба