СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МЗШВ: Согласно законот се спроведуваат јавните огласи за распределба на земјоделско земјиште

Четирите јавни повици и двата огласа се распишани по барање на земјоделците и согласно нивните потреби и ќе се спроведат според сите законски одредби, наведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во реакцијата на денешните обвинувања од дополнителниот заменик-министер Цветан Трипуновски.

– Доделувањето земјиште од  четирите јавни повици ќе се реализира согласно законот, по завршување на распишаните предвремени парламентарни избори. Додека, двата јавни повика во транспарентна и законита постапка се завршени и за нив се веќе склучени договори. За првпат државното земјоделско земјиште се доделува транспарентно и законски, велат од ресорното Министерство.

Оттаму додаваат дека законската одредба што ја цитира Трипуновски е прекршувана во периодот од 2008 до 2017 година кога на власт била ВМРО-ДПМНЕ за што се водат соодветни постапки.

–  Намерите на дополнителниот заменик министер Трипуновски, да не се реализира распределбата на државното земјоделско земјиште според потребите на земјоделците, нема да се оствари.  Напротив, доделувањето на земјиштето ќе се спроведува во законита постапка веднаш после завршувањето на распишаните предвремени парламентарни избори, наведуваат од МЗШВ.

Во изминитатите две и пол години склучени се 726 договори за закуп на државно земјоделско земјиште за вкупна површина од над 4.700 хектари.

Поврзани вести

Apple казнет со 10 млн. евра, бидејќи нивните телефони не биле водоотпорни

Берта Китинска

Акционерите од Стопанска банка Скопје: Дали овој судски процес можеби се качил на последниот воз на очајниот македонски судски систем?

НАЈГОЛЕМИОТ ПАД ВО ИСТОРИЈАТА: Америка во најдлабока рецесија досега, најмалку 40 милиони без работа

Stefanija Kuzmanovska