СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Apple“ предупредува за можен недостиг на iPhone поради коронавирусот

„Apple“ мораше да ги затвори сите продажни места во Кина, седиштето на компанијата во оваа земја, поради коронавирусот, а склопувањето на нивните уреди, кое претежно се прави во Кина, сега е во опасност. Резултатот е загубата од неколку милијарди долари, соопшти компанијата.

Електронскиот гигант објави дека најверојатно ќе има значително помала продажба на уредите во првиот квартал. Причините за ова се продажбата на уредот во Кина и поради намалувањето на производството на телефони на минимум. Кина е најголемиот пазар за Apple, пред се за iPhone, а исто така и место каде што се направени повеќето од нивните уреди. Поради тоа би можело да се почувствува глобален недостиг на нивните производи.

Очекуваните загуби би можеле да бидат околу 4 милијарди долари.

Поврзани вести

Оптимизам кај Владата и експертите за реализација на капиталните инвестиции во пост-ковид периодот

С.Македонија на 41. место во светот според економските слободи

Развојна банка: Ќе има и бескаматна линија „Ковид2“, фирмите почнаа да доставуваат барања за кредити

msp-admin