СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Tesla доби над половина милион нарачки за Cybertruck

Tesla Motors прими над 522.000 пред-нарачки за електричниот пикап Cybertruck, кој сè уште не е лансиран за масовно производство. Ова станува јасно од форумот Cybertruckownersclub, чии посетители ја следат табелата за резервации на моделот.

Прототипот на електричниот пикап Tesla Cybertruck дебитира на 22 ноември. Една недела подоцна, шефот на Tesla, Елон Маск напиша на Твитер дека компанијата добила повеќе од 250.000 апликации за купување на новиот автомобил, чие производство ќе започне едвај во 2021 година.

Маск истакна дека верзиите со два и три мотори се најпопуларни, додека основната верзија со еден мотор прима најмалку нарачки. Послабата верзија на пикапот со еден мотор ќе може да забрза до 100 км на час за 6,5 секунди, додека топ варијантата со три мотори, наречена „Tri Motor“, забрзува до 100 км на час за 2,9 секунди. Декларираната километража без полнење, во зависност од модификацијата, варира од 400 до 800 километри.

Каросеријата Tesla Cybertruck е изработена од високо квалитетен челик, кој се користи при производство на вселенските ракети SpaceX. Според Елон, овој материјал не се плаши од силни удари со чекан и истрели од огнено оружје.

Tesla Cybertruck ќе се натпреварува со новиот електричен пикап GMC, специјално за кој ќе се врати името Hummer.

Покрај тоа, други компании, како што е американскиот стартап Nikola, исто така развиваат слични автомобили.

Поврзани вести

Најбогатите 1% од Американците кријат една петтина од своите приходи

Влатко Зорба

НЛБ размислува за проширување во Албанија

Влатко Зорба

Бајден се откажува од санкциите за „Северен тек 2“