СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Акциите на светските берзи со најголема неделна загуба

Вредноста на акциите на азиските берзи петти ден по ред опаѓа, исто како и останатите најголеми берзи во светот, се наоѓа пред најголема неделна загуба од финансиската криза во 2008 година, поради стравувањата од економската штета од ширење на новиот коронавирус.

Индексот „МСЦИ“ на азиско-пацифичките берзи забележа пад од 2,7 отсто.
На берзата во Токио индексот „Никеи“ се намали за повеќе од четири отсто додека цената на берзите во Хонг Конг, Јужна Кореа, Сингапур, Австралија и Шангај паднаа помеѓу 2,4 и 4,5 проценти.

Азиските берзи го пратат вчерашниот пад на „Доу Џонс“ и „С и П 500“ индексот на Вол Стрит, шести ден по ред и тоа за повеќе од четири отсто.

Индексот „С и П 500“ по шестдневниот пад, сега е околу 12 отсто под својот рекорд, достигнат 19 февруари.

Сите индекси на Вол Стрит се на пат на најголема неделна загуба од финансиската криза во 2008 година.

Од почетокот на неделата индексот „МСЦИ“ на сите светски берзи падна за 9.3 проценти, а таков пад не е забележан од ноември 2008 година.

Поврзани вести

Бочварски: За пругата од Куманово до Бугарија треба да се изградат над 90 мостови и 32 тунели

Влатко Зорба

Министерство за економија: Има доволно резерви на пченица, нема неконтролиран извоз во Косово

Минатата недела 1,9 милиони Американци ги загубија своите работни места

Stefanija Kuzmanovska