СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Хрватска Загрепска банка под истрага за перење пари и финансирање на тероризам

Хрватската Загрепска банка е под лупа на истражителите на Хрватска Народна банка (ХНБ) поради ризик за перење пари и финансирање на тероризам, а на удар се српскиот претприемач Милан Поповиќ и голем број на непознати компании од Италија, пренесуваат хрватските медиуми.

Кога, во втората половина на јануари, тогашниот извршен директор на Загрепска банка, Миљенко Живаљиќ, поднесе оставка од “лични причини“, веднаш започнаа приказните дека вистинската причина за заминувањето на искусен банкар треба да се бара во сериозните проблеми што ги имаше Загрепска банка со својот систем против перење пари и терористичко финансирање.

Сепак, Загрепска банка одлучи да се држи цврсто и упорно на верзиите за “лични причини“ за заминувањето на Миљенко Живаљиќ, кои почнаа да звучат многу неубедливи по заминувањето на двајца други високо позиционирани менаџери на Загрепска банка.

Во записникот на ХНБ се наведени пропусти на најголемата хрватска банка во поглед на спречување на перење на пари и финансирање тероризам, пренесува Јутарњи Лист.

Во самиот вовед на заклучокот на записникот, експертите на ХНБ предупредуваат дека се утврдени нелегалности и недостатоци во сите ревидирани деловни области и на сите три “линии на одбрана“.

Во записникот, посебно внимание привлекува износот на готовински исплати на сметките на нерезиденти со т.н. италијанска типологија во висина од околу 238.000 евра како и вкупниот износ на исплати по сметки на клиентите во сопственост на познатиот српски претприемач Милан Поповиќ.

Поврзани вести

„Фолксваген“ со загуба од 800 милиони евра во првата половина од годината

msp-admin

Mеѓународна конференција „Жени во индустријата“

msp-admin

Тутунски комбинат Прилеп со зголемена продажба на домашниот пазар

msp-admin