СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор. Од фабриката потврдуваат дека од следната седмица ќе работат со значително  намален капацитет, речиси на технички минимум. Сево ова, како што додаваат, согласно препораките за заштита од коронавирус и актуелната состојба во автомобилската индустрија.

-Работниците колективно ќе користат дел од платениот годишен одмор. Платеното отсуство ќе биде две седмици. После тоа, согласно со нарачките за работа и целата ситуација со коронавирусот, ќе се донесе соодветна одлука, нагласуваат од германската фабрика во која работат работници од повеќе општини.

Поврзани вести

„Дукат“ е првиот македонски ресторан кој се стекна со златен премиум сертификат и печат „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“

Влатко Зорба

Буџетските приходи повисоки во однос на преткризниот период

Влатко Зорба

Заев најавува и најмалку десет нови турски инвестиции

Влатко Зорба