СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Дукат“ е првиот македонски ресторан кој се стекна со златен премиум сертификат и печат „ЧИСТО И БЕЗБЕДНО“

Ресторанот Дукат од Скопје е првиот македонски ресторан кој покрај имплементација и спроведување на сите национални и глобални препораки и протоколи за работа на угостителски објекти воведе и дополнителна заштита на своите гости со прочитувач на воздух HEALTHPROTECT од производителот Blueair кој целосно го елиминира вирусот Ковид-19. Сега слободно можеме да изјавиме дека со престојот во Дукат можеме да се чуствуваме безбедно како по дома

На 17-ми јуни на барање на Ресторан Дукат претставници на НУК заедно со претставник на генералниот покровител ЕЦОТИП на националната кампања ЧИСТО И БЕЗБЕДНО направија проверка и верификација за спроведување на препораките и протоколите за работа на угостителски објекти за издавање на првиот златен премиум сертификат и безбедносен печат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО – КОВИД-19 БЕЗБЕДНА ЗОНА (CLEAN AND SAFE – COVID-19 SAFE ZONE). Со верификацијата е утврдено дека во склоп на угостителскиот објект се имплементирани сертифицирани прочистувачи на воздух HEALТHPROTECT од Blueair кои покрај стандардното прочистување на воздухот го прочистува и целосно елиминира од воздухот живиот SARS-COV-2 вирус со што ресторан ДУКАТ е првиот официјално верификуван угостителски објект кој се здоби со правото на користење на златен сертификат ЧИСТО И БЕЗБЕДНО – КОВИД-19 БЕЗБЕДНА ЗОНА (CLEAN AND SAFE – COVID-19 SAFE ZONE).

На овој начин преку сертифицирање укажуваме дека угостителските објекти кои се стекнале со правото на користење на овој национален сертификат не само што ги подигнале на највисоко ниво стандардите за заштита и грижа на здравјето на своите вработени, како и грижата за здравјето на своите гости спроведувајќи ги глобалните и националните протоколи за работа туку со користење на дополнителни уреди – прочистувачи на воздух со кои гостите можат да дишат слободно и да се чуствуваат безбедно како по дома максимално ги минимализирале можностите и начините на ширење на вирусот Ковид-19 во своите угостителски објекти..

Со оваа национална кампања и стратегија НУК станува лидер не само во Македонија туку и на балканот во подигање и креирање на нивото и квалитетот на угостителските услуги во начините и можностите на работа на угостителските објекти во време на пандемијата со Ковид-19.

Поврзани вести

Алексова: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

Влатко Зорба

Заев: Користењето на ОИЕ и замена на јагленот со гас е еден од најважните стратешки интереси

Влатко Зорба

Шкријељ: Паричен надоместок за лицата што останале без работа од 11 март до 30 април