СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Другото лице на Америка: Што велат последните бројки, како живеат луѓето и кој е економски најзагрозен?

Пандемија, економски потреси, пропаднат систем на здравствена заштита, протести за смртта на Џорџ Флојд… Многу работи „паднаа“ врз Америка во изминатиот период, и врз нејзините жители, пред сè. Како и по секоја криза, најлошо поминуваат оние со најниски приходи, но и ранливите групи, во овој случај – Афроамериканците и Латиноамериканците, пишува „Бизнис Телеграф“.

На пример, една црнкиња Кенија Вилијамс, работела како дадилка 22 години, така што за неа, оваа работа не беше привремена, сезонска. Но, кога пандемијата беснееше во Њујорк кон средината на март, работодавците од неа бараа да остане дома. Првично, тие ѝ исплаќале поголем дел од платата, но во јуни ситуацијата се променила.

Таа добива само 200 долари неделно, што е за третина помалку од нејзината вообичаена плата. И, таа сигурно не е единствената, бидејќи многу жени во Америка ја работат оваа работа, тие главно се со послаб економски статус или странско потекло. Подемот на дадилките не е изненадувачки, со оглед на бурниот и строг деловен ритам што преовладува во САД, а особено во Њујорк; родителите се принудени да ангажираат некого за чување на децата.

Економијата во Америка полека се отвора, но милиони луѓе сè уште седат дома. Земјата има 2,2 милиони домашни помошнички, а тие најмногу припаѓаат на црната раса. Според извештајот поднесен од Националната алијанса за домашни работници, повеќе од 70 проценти од нив ги почувствувале ефектите на пандемијата, во смисла на намалување на платите.

Непрофитната организација „Рака под рака“ вели: „Зборуваме за стотици илјади жени кои немаат апсолутно никаков пристап до заштита и поддршка“. Како што дополнително го потврдуваат истражувањето, мерките за карантин биле најнегативно почувствувани од Латиноамериканките и црнкињите.

Минатиот месец, стапката на невработеност беше за 20 проценти повисока кај Афроамериканките и Латиноамериканките отколку кај белите жени.

Во моментов, не постои формална заштита за овој вид работа. САД немаат закон со кој се налага платено боледување, дури ни за оние од „формалниот сектор“.

Поврзани вести

Спасовски: Новата инвестиција во „Братсво Инокс“ ќе овозможи нови вработувања

Берта Китинска

Ангеловска: Преку 276 илјади граѓани веќе добија и користат Домашна Платежна Картичка

Преку трите линии бескаматни кредити од Развојната банка обезбедени 44,1 милиони евра за стопанството

Влатко Зорба