СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Деспотовски: Компаниите што ги финансираме уплатиле назад во буџетот околу 3 милиони евра повеќе отколку целата програма на ФИТР за 2019 година

Со резултатите од јавниот повик Стартапувај 2, моментната бројка на микро, мали и средни компании што користат средства преку Фондот е над 450, со вкупно ниво на инвестиции во реализација од над 70 милиони евра. Од овие средства, самите компании обезбедуваат околу 32 милиони евра свои средства, додека остатокот се државни и средства на Светската Банка, вели во интервју за МИА, директорот на ФИТР – Јован Деспотовски.

– Ако ме прашувате дали е ова доволно, ќе кажам не. Не, бидејќи резултатите што веќе ги гледаме покажуваат дека македонската економија има потенцијал за многу повеќе. На пример, само во 2019 година, компаниите што ги финансираме уплатиле назад во државниот буџет околу три милиони евра повеќе отколку целата програма на ФИТР за таа година. Значи, три милиони евра повеќе за училишта, за болници, за пензии и нови програми за младите… И, кога некој ќе ме праша дали вреди напорот, нервозата, потрошеното време, одговорот е да, вреди, бидејќи ги гледаме резултатите. А, со резултатите доаѓа и нов предизвик. Зошто да не се обидеме, со поголема поддршка од наша страна да стигнеме до 5, 10, 20, па и 50 милиони евра повеќе уплатени средства назад во Буџетот, со кои оваа држава и општество ќе може да направи многу за сите наши сограѓани, вели Деспотовски.

Поврзани вести

Германскиот производител на камиони МАН најавува отпуштање на 9.500 луѓе

msp-admin

Ролс Ројс развива летачко такси

Влатко Зорба

Daymak го најавува Spiritus EV, најбрзото електрично возило на три тркала со вртоглаво забрзување (ВИДЕО)

Влатко Зорба