СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Huawei ја продолжува гаранцијата за сите свои уреди до 3 месеци

Huawei ги продолжува гаранциите за сите уреди чиишто тековни гаранции истекуваат од 15 март 2020 до 15 јуни 2020 година. За нив новиот период на гаранција ќе биде одложен до 15 јуни 2020 година. Новите услови стапуваат во сила автоматски и ќе важат за сите уреди што се продаваат на домашен терен, вклучително и паметните телефони, таблети, додатоци, аудио уреди и рутери.

Продолжувањето на гаранцијата за овие уреди е реакција на компанијата предизвикана од државните мерки за ограничување на ширењето на вирусот КОВИД-19. Huawei го цени здравјето и одличното искуство на своите корисници со нивните дигитални уреди.

За таа цел, компанијата отвори и бесплатна услуга „Од врата до врата“ за сите модели на уреди со гаранција и за сите клиенти низ целата земја за времетраењето на вонредните рестриктивни мерки.

Поврзани вести

Вработените во Google ќе работат од дома до септември догодина

msp-admin

Кнауф во Македонија – 25 години регионален лидер во производство на материјали и системи за градба

msp-admin

Најскапото деби на Лондонската берза во последната деценија: Deliveroo бара проценка од 12 милијарди долари

Влатко Зорба