СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Пивари во Европа преминуваат во производство на средства за дезинфекција

Пивари и дестилерии ширум Европа ги користат своите производствени капацитети за да направат средства за дезинфекција на рацете и да помогнат во борбата против епидемијата на коронавирусот.

BrewDog, Leith Gin, Verdant Spirits и Pernod Ricard се вклучени во напорите да го зголемат производството на средства за миење за раце, кои станаа реткост во многу земји заради високиот раст на побарувачката. Некои дестилерии во САД најавија дека ќе го направат истото.

BrewDog соопшти дека ќе започне со производство на производи за хигиена на рацете во својата пиварница во Шкотска. Друга шкотска компанија, Leith Gin соопшти дека тие го прекинале производството на жестоки пијалaци и прават средства за дезинфекција за оние кои имаат потреба во локалната заедница.

Во Франција од компанијата Pernod Ricard соопштија дека ќе донираат 70.000 литри чист алкохол за производство на средства за чистење. Компанијата работи со lабораторија Cooper, главен снабдувач на средства за дезинфекција на раце во аптеките аптеки во Франција. Подружниците на Pernod Ricard (PDRDF) во Шведска, Ирска, Шпанија и САД, исто така, ќе придонесат локално за зголемување на производството на средства за дезинфекција на рацете.

Исто така, конгломератот на луксузни брендови LVMH, што е матична компанија на Christian Dion, Guerlain и Givenchy, сака да им помогне на француските здравствени власти така што ќе произведува течност за дезифенкција на раце што ќе биде бесплатна.

Поврзани вести

Се раздвижува пазарот на таблети

msp-admin

Халкбанк ја одложува наплатата на кредитните обврски за 6 месеци за сите физички лица кои имаат редовна отплата на своите обврски

msp-admin

Иднината на пензискиот систем е во приватните пензиски фондови

msp-admin