СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Заштитни маски и ракавици за посетителите на бензинските станици со брендот ОКТА во Скопје

Сите посетители на бензинските станици со брендот ОКТА во Карпош 3, Аеродром, Ново Лисиче, Автокоманда, на автопатот Скопје – Тетово (после првата наплатна рампа) и на автопатот Тетово – Скопје (пред последната наплатна рампа) ќе добијат бесплатни заштитни маски и ракавици. Заштитните средства ќе бидат достапни се додека има расположливи количини.

Со овој гест се упатува апел до граѓаните да се заштитат и да ги следат препораките на надлежните институции и мерките за спречување на ширењето на КОВИД 19.

Со цел заштита на своите вработени, на посетителите, а и на граѓаните пред се, од самиот почеток се следат насоките и се применуваат превентивните мерки во целост. Сите вработени на бензинските станици со брендот ОКТА се обезбедени со заштитни маски и ракавици, а се преземаат и сите препишани мерки за постојана дезинфекција на објектите.

Поврзани вести

Во 2020 година изградени 106 нови облакодери, Дубаи лидер

Влатко Зорба

Google склучи договори за објавување содржини со повеќе од 600 медиуми

Влатко Зорба

Романската економија ги засенува останатите во ЕУ (инфографик)

Влатко Зорба