СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Инстаграм вети дека ќе отстранува содржина поврзана со коронавирусот

Платформата за споделување фотографии и видео Инстаграм, која е во сопственост на Фејсбук, објави дека ќе ја отстрани содржината поврзана со коронавирусот од делот за препораки и од опцијата „Explore“, освен ако информациите не бидат објавени од доверливи здравствени организации, напиша „Блумберг“.

„Ќе започнеме со бришење содржини во потокот со вести и во „сторис“, што се идентификувано како неточни од трети страни, кои вршат проверка на факти“, велат од компанијата.

Минатата недела, друг играч од индустријата, Твитер, објави дека ќе ги спречи корисниците да објавуваат погрешни информации за новиот коронавирус, вклучително и стручни насоки и промоција на измамнички третмани, што ќе ги заостри нејзините „лежерни“ правила во однос на слободата на говорот

Претходно овој месец, Фејсбук соопшти дека ќе обезбеди бесплатни реклами до Светската здравствена организација затоа што сака да ги увери корисниците дека не се дезинформирани за вирусот.

Сето ова доаѓа по годините во кои остро се критикуваше Фејсбук дека дозволува да се дистрибуираат погрешни информации во нејзините услуги.

Поврзани вести

Часови пред премиерата, се појавија нови слики од Razr

msp-admin

Фејсбук укинува уште една популарна опција, еве како да ги зачувате податоците пред да исчезнат

Влатко Зорба

Google подготвува полесен метод за споделување лозинки за Wi-Fi во Android 12

Влатко Зорба