СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Згасна над една четвртина од американската економија

Најмалку една четвртина од американската економија одеднаш престана да работи поради пандемијата, според анализата подготвена од „Волстрит журнал“. Економистите велат дека такво нешто никогаш не се случило во историјата. Студијата беше спроведена од „Мудис аналитикс“.

Иако осум на секои десет окрузи во САД се во ограничен режим заради коронавирусот, анализата покажува дека тие се одговорни за скоро 96% од националната економија. 41 држава издаде наредба некои бизниси да ги затворат вратите за да ја ограничат дистрибуцијата. Ресторани, универзитети, спортски сали, кина, паркови, бутици и милиони други „неважни бизниси“ престанаа со работа. Резултат: пад на економската активност од 29% во однос на првата недела од март.

Марк Занди, главен економист во „Мудис аналитикс“, не верува дека американската економија може да го издржи овој пад уште два месеци. Ако тоа се случи, БДП ќе пропадне за 75% во вториот квартал, проценува тој. Тој рече дека многу земји ќе олеснат барем некои од мерките пред летото, при што економијата паѓа на 30% во вториот квартал на годишна основа.

Повеќето економисти очекуваат активноста да се врати на повисоко ниво во текот на летото или есента. Но, падот на дневна основа – сè додека трае – е застрашувачки. Помеѓу 1929 и 1933 година, за време на Големата депресија, економската активност падна за 26%. За време на рецесијата во 2008 година, падот беше 4%.

Анализата речиси сигурно го потценува целокупниот пад затоа што се фокусира на губење на економската активност предизвикана единствено од затворените деловни активности и не го зема предвид падот на побарувачката заради поголема невработеност, губење на богатството на домаќинствата и намалени деловни трошоци.

Тековната економска криза се разликува од претходните, како таа од 2007/09 година, што беше предизвикана од акумулацијата на долг од домаќинствата и деловните субјекти и пропаѓањето на пазарот на домување. Започна со шок на побарувачката – губење на богатството на домаќинствата и колапс на приходот, што ги намали трошоците, што пак влијаеше на деловните активности. Овој пат е спротивно: снабдувањето (бизнисот) се затвора прво, што пак влијае на домаќинствата.

Според Занди, најдобрата споредба е со силен земјотрес или терористичките напади од 11 септември 2011 година, кога авиокомпаниите запреле со летовите. Во деновите по нападот, БДП падна за 111 милијарди американски долари при денешните цени. За споредба, за три недели по првите мерки на САД, БДП падна за 350 милијарди американски долари.

„Тоа е како државата Индијана да исчезнала цела година“, вели Занди.

Анализата исто така покажува како судбината на националната економија е непропорционално поврзана со големите урбани области. Една десетина од падот се поврзува само со три окрузи: Лос Анџелес, Њујорк (Менхетен) и округот Кук (Чикаго).

Посебна студија на Economic Innovation Group покажува дека во Њујорк, Њу Џерси и Конектикат, забавувањето е водено главно од две индустрии: недвижнини и малопродажба. Во други, како ресторани и барови, економската активност паѓа за три четвртини.

Затворањето на деловната активност влијае на снабдувањето, што пак ќе влијае на економијата уште повеќе. Околу 10 милиони луѓе ги загубија своите работни места во САД за две недели. Овие луѓе ќе ги намалат нивните трошоци, што ќе влијае и на компаниите кои сè уште работат.

Поврзани вести

Бектеши: Финансиска помош од 20 милиони евра за фирмите кои ќе влезат во инвестиција за време на кризата

Два милиони евра неповратни средства за поддршка на проекти на старт-ап и спин-оф компаниите

Влатко Зорба

Поскапуваат горивата

Влатко Зорба