СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Трамп: Треба да спречиме понатамошен пад на цената на нафтата, бидејќи во спротивно нашата нафтена индустрија ќе пропадне

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најголемите земји производители на нафта, Русија и земјите од ОПЕК, се многу блиску до договор што би спречил цената на тој енергенс да продолжи да се намалува.

Откако разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и со саудискиот крал Салман, Трамп рече дека во ова време се произведуваат големи количини на нафта што не им требаат на никого.

Трамп додаде дека САД ќе го намалат производството на нафта.

„Треба да спречиме понатамошен пад на цената, бидејќи во спротивно нашата нафтена индустрија ќе пропадне“, заклучи Трамп.

ОПЕК и производителите на нафта што не се во таа организација постигнаа договор за намалување на производството за 10 милиони барели на ден во текот на мај и јуни оваа година, со цел да предизвикаат вештачки недостиг на пазарот со покачување на цената на „црното злато“ чија цена е на невиден минимум поради пандемијата.

Според седиштето на ОПЕК во Виена, намалувањето на производството ќе биде ублажено во периодот јуни-декември 2020 година на осум милиони барели на ден, а потоа и на шест милиони барели помеѓу јануари и април 2021 година.

Поврзани вести

Македонка меѓу 100-те највлијателни жени во социјално претприемништво во Европа

Влатко Зорба

Airbnb им доделува 250 милиони долари на сопствениците на домови за пропаднатите резервации

Stefanija Kuzmanovska

Колку пари добиваат невработените Американци?

Stefanija Kuzmanovska