СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Постигнат договор во ЕУ: Пакет помош од 500 милијарди евра

Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ постигнаа договор за пакетот помош од 500 милијарди евра за европските земји, сериозно погодени од пандемијата на коронавирусот. Претседателот на Еврогрупата, Марио Сентено, објави дека е постигнат договор по маратонските дискусии во Брисел.

Сепак, министрите не го прифатија барањето на Франција и Италија земјите членки на ЕУ да ги поделат трошоците за кризата со издавање на таканаречените “корона обврзници“.

Европската централна банка повика на одобрување на пакет помош до 1.500 милијарди евра, проценувајќи дека оваа сума ќе биде потребна за санирање на последиците од кризата.

И покрај ова, францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер го поздрави договорот, кој го опиша како најважниот економски план во историјата на ЕУ.

Поврзани вести

Макам Транс: Стопанството е максимално рането, пратениците да имаат доблест и да гласаат против еколошката такса

Влатко Зорба

Македонската зелена идеја „Вајс адитив“ на Софија Дацева победи на регионален натпревар

Александар Петровски

УНИ Банка ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници

Влатко Зорба