СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пандемијата ја зголеми побарувачката на вотка и виски во Русија

Русите во последните неколку недели, откако изби пандемијата на коронавирусот, ја зголемија потрошувачката на алкохолни пијалаци, пишува Reuters.

Во последната недела од март, побарувачката на вотка меѓу најголемите трговски ланци во Русија е зголемена за 31%, додека потрошувачката на виски порасна за 47%, а за пиво 25%.

Рускиот претседател, Владимир Путин, април го прогласи за неработен месец на ниво на целата земја. Голем број компании од Русија им овозможуваат на вработените да работат од дома, некои добија неплатен одмор, додека други се соочуваат со намалување на платите.

Поврзани вести

Борозанов нов управител на фабриката на Џонсон Мети во С. Македонија

Влатко Зорба

Хари Костов купи 500 акции од Комерцијална

Влатко Зорба

Тиквеш со загуба од 193,7 милиони денари во 2020 година

Влатко Зорба