СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Лукаревска: Компаниите имаат законска обврска да ја исплатат државната помош, во спротивно следуваат санкции

Компаниите немаат никаква можност да не ја исплатата државната помош за исплата на минимална плата, како поддршка за полесно справување со последиците предизвикани од коронавирусот, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска во вечерашната емисија 10 минути на тв21.

„И во самата уредба, а сега и во Законот точно е наведено во кои услови, ако не се исполнети критериумите од ова земање на државната помош ќе се спроведуваат соодветни дејствија на присилна наплата, а исто така ќе треба да се прави и соодветно враќање на средствата”.

Лукаревска откри дека Управата за јавни приходи, под лупа го има работењето фирмите за кои постои сомневање дека во изминатите години не исплатиле минимална плата или барале одредена сума да им биде вратена од страна на работниците.

Според Лукаревска се испитува работењето на овие фирми и во однос на нивната даночна дисциплина.

Поврзани вести

Развојна банка со инструкции за плаќање за корисниците на бескаматен кредит од „Ковид1“

Влатко Зорба

Анѓушев: Транс-анадолскиот гасовод дава конкурентни цени на природен гас и нуди дополнителна алтернатива во снабдувањето

Влатко Зорба

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во април