СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев за енергетиката: По 30 години, ќе успее проектот Чебрен вреден до 800 милиони евра

Претседателот на Владата на РСМ, Зоран Заев, во вечерниот дел од дебатата на седницата за пратенички прашања зборуваше за планот „Акција 21″ на Владата, со посебен акцент кон инвестициите во енергетиката.

„Ќе набројам неколку проекти, Чебрен е најголемиот проект, 30 години државата на него има 11 пати неуспешност во обидите за спроведување, овој пат имаме историски успех до таа фаза во којашто сме стигнати. Помина првата фаза на селекција од понудите на Чебрен, 10 компании беа понудени, 9 ја поминаа првата фаза со нивната капацитетност и подготвеност да градат еден мега проект вреден помеѓу 600 и 800 милиони евра со над 300, 330 мегавати. Дополнително, во моментов, во нашата држава се градат 72.5 мегавати, 10 мегавати гради ЕСМ во Осломеј, 62.5 се по пат на премии, веќе неколку пуштивме во употреба и се градат ширум државата, дел се на државно земјиште, дел се на приватно земјиште. Оди вториот дел од постапката за 100 мегавати во Осломеј каде што државата бара најмалку 10% за државата и по пат на позитивна лицитација кој ќе даде повеќе ќе ги добие можностите да биде коинвеститор во овие фотоволтаици”, соопшти премиерот Зоран Заев на седницата за пратенички прашања, денеска, во Собранието на Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Речиси 4 милиони евра од судски пресуди, договорни казни и активирани банкарски гаранции во Буџетот на Општина Центар

Влатко Зорба

Forbes: Ова се 10 – те најмлади милијардери за 2020 година

Stefanija Kuzmanovska

Исплатени субвенциите за лозарите

Влатко Зорба