СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Царовска најавува санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска денеска потврди дека ќе има санкции за компаниите кои добија државна помош, а не им ја дадоа на работниците.

-Платите итно треба итно да се исплатат на работниците, треба да се покаже одговорност од страна на компаниите. Направен е голем пропуст и секако санкционирање на компаниите ќе се случи. Во моментов, Генералниот секретаријат ги испитува сите правни можности, се покренуваат сите елементи кои се можни, истакна Царовска, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компанијата „Витек“ во ТИРЗ Скопје 1.

На веб страницата на Владата вчерабеше објавен и списокот со компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата поради пандемијата со КОВИД-19, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени.

Поврзани вести

Ангеловска: Мерката за субвенција на придонесите ја качи платата на 119.500 вработени

msp-admin

Се подготвува нова стратегија и закон за регионален развој

Берта Китинска

Месна индустрија: Пакетите антикризни мерки нема да имаат ефект зашто не се правилно насочени

Влатко Зорба