СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Франција забележа историски пад на БДП од 13,8 проценти во вториот квартал

Франција забележа историски пад на бруто-домашниот производ од 13,8 проценти во вториот квартал поради епидемијата на коронавирус, објави денес Институтот Инсе.

Откако ја мери француската економска активност квартално, институтот не забележал толкав пад.

Институтот ги ревидираше и податоците за првото тромесечие, кога според новата проценка економијата паднала за 5,9 проценти, наместо 5,3 како што беше првично соопштено.

Падот на економската активност е сè уште помал од очекуваниот од повеќето аналитичари на самиот институт, односно 17 проценти.

„Негативните показатели на БДП во првата половина на 2020 година се поврзани со запирање на активности кои не се неопходни во контекст на мерките за изолација, воведени меѓу средината на март и почетокот на мај“, се вели во изјавата на институтот.

Како што се наведува, постепеното укинување на ограничувањата доведува до постепено обновување на економската активност во мај и потоа во јуни, по најниската точка достигната во април.

Најголем квартален пад на БДП пред кризата со коронавирус е забележан во Франција во вториот квартал од 1968 година, како резултат на генералниот штрајк во мај, но следеше закрепнување, и раст од осум проценти во текот на летото.

Институтот Инсе предвидува раст на БДП од 19 проценти во третиот квартал, Институтот Натиксис раст од 16 проценти и Банката на Франција 14 проценти.

Поврзани вести

Заев од Росоман: Уште повеќе ќе ги поддржуваме домашните компании, ќе издвоиме 600 милиони евра до 2024 година

Најголем дел од околу пет илјади работници од Дрекслмаер од понеделник ќе користат одмор

Граѓаните реагираат: „Во земја ќе пропаднат од срам газдите Немојте толку сурово УЈП“