СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ДЗС: Бројот на туристите намален за 49,3%

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2020 година изнесува 31.175, а бројот на ноќевањата изнесува 60.345.

Бројот на туристите во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е намален за 49,3%, а бројот на ноќевањата е намален за 49,5%.

Бројот на домашни туристи во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 20,7%, а бројот на странските туристи е намален за 85,2%.

Бројот на ноќевања на домашните туристи во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е зголемен за 2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 81,6%.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 60,5%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 18,3%, а кај странските има намалување за 84,4%.

Во периодот јануари ‒ декември 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 48%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 14,2%, а кај странските има намалување за 84%.

Поврзани вести

За активни програми и мерки за вработување издвоени се 24,5 милиони евра за опфат на 10.279 граѓани

Влатко Зорба

„Брако” инвестира 8 милиони евра во нов погон и ја претстави револуционерната еколошка иновација на Green Machines

Влатко Зорба

Бугарската „Соларпро“ ќе гради голем соларен парк во С. Македонија

Влатко Зорба