СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ММФ ќе разгледа „специјални мерки“ со цел да им помогне на земјите да се изборат со пандемијата

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе мора да разгледа „специјални мерки“ со цел да им помогне на земјите да се изборат со пандемијата со новиот коронавирус и негативните последици по економијата, изјави синоќа директорката на ММФ, Кристалина Георгиева.

Таа истакна дека ММФ веќе презел посебни чекори за да ослободи средства посебно за пазарите и земјите во развој, кои се соочија со одлив на рекордни 100 милијарди долари.

Според Георгиева ќе бидат потребни повеќе средства ако продолжат да растат пазарните притисоци, иако кредитите не се најдобро решение со оглед на тоа што голем број држави веќе се презадолжени.

Таа укажа и на потребата од зајакнување на соработката со другите меѓународни институции и приватниот сектор.

Изјавата на Георгиева уследи откако минатата недела ММФ и Светска банка соопштија дека на поголема група држави, покрај 77 најсиромашни на кои веќе им е ветена суспензија на отплатата на долгови, ќе им бидат потребни олеснувања за исплата на долгот.

Според последната прогноза на ММФ, годинава поради пандемијата со Ковид-19 се очекува пад на светската економија од три проценти, најголем од Големата депресија во 30-тите години од минатиот век.

Поврзани вести

6 милиони евра за микро, мали и средни компании за технолошки развој за забрзан економси раст

Влатко Зорба

Од утре со ваучер на одмор во домашни хотели

Оштетени штедачи: Како Југотрејдинг ДН добила кредит од близу 1.300.000 евра за хипотека пет и пол пати помала од кредитот?

Влатко Зорба