СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Волстрит журнал: Поевтино е да ја наполниш кадата со нафта наместо со вода

Ако мислевте дека се негативни банкарски стапки се нешто чудно, што ќе кажете за цената на нафтата за барел од околу минус 37 долари? Тоа реторичко прашање е поставено во редакциска колумна на „Волстрит журнал“ по повод очекуваните нивоа на цени за нафта за договори за фјучерси за снабдување во мај.

Со други зборови, таквиот договор ќе направи поевтино да ја наполниш кадата со нафта наместо со вода, пишува весникот.

Се разбира, реалната цена на нафтата не е под нулата, но такви се необичностите на идните пазари при пад на побарувачката заради пандемијата на коронавирусот и глобалната рецесија.

Трговците го складираат енергенсот со очекување дека ќе добијат повеќе кога цената ќе порасне подоцна во годината и ќе се подобри финансискиот систем, се вели во коментарот. Сепак, оперативниот капацитет на складиштата е исцрпен.

Според пресметките на Американскиот институт за нафта, складиштата во САД имаат околу 825 милиони барели, и во пракса има недополнети околу сто милиони барели.

Зделката за намалување на производството што Трамп ја склучи со Саудиска Арабија и други производители на нафта може да помогне значително да се намалат испораките.  Но, тоа сигурно нема да биде наскоро, а договорот зависи од доброволни ветувања и никакви други решенија односно испораките не можат да балансираат со таков глобален пад во побарувачката, нагласува Волстрит џурнал.

Поврзани вести

Бесими: Стапки на раст од околу 5% може да се постигнат преку четири столба развојни политики

Влатко Зорба

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар

Влатко Зорба

Милковски се стекна со 12,781 обични акции на Гранит АД Скопје

Влатко Зорба