СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Денарот одбележува 28 години

Денарот одбележува 28 години, а надлежните уверуваат на негова стабилност и одржување стабилен курс. Пред 28 години на денешен ден се донесени повеќе закони со кои се создадоа предуслови за осмислување и примена на самостојна монетарна политика од страна на Народната банка.

-Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво. Народната банка располага со низа инструменти со кои гарантира дека девизниот курс на денарот во однос на еврото ќе остане стабилен. Стабилноста на курсот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен, посочуваат во неколку наврати од Централната банка, откако почна коронакризата.

Оттаму потсетуваа дека девизните резерви што се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво, и тоа двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година.

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска за медиумите уверуваше дека граѓаните треба да бидат спокојни и дека не треба да постои никаква загриженост за домашната валута.

Денарот како национална валута во земјава е воведен на 26 април 1992 година, на денот на нејзиното монетарно осамостојување. На почетокот во првата година се користи како вредносни бонови, а во 1993 година како прво оригинално издание на денарот.

Книжните пари што се употребуваат и денес се пуштени во оптек на 8 септември 1996 година. Во оптек се пуштени книжни пари од апоени од 10, 50, 100, 500, 1000 и 5000, оваа последната е повлечена поради нејзиното мало користење.

Изгледот на македонските книжни пари го отсликува богатото културно наследство на Република Северна Македонија, а е осмислен од ликовната уметница Билјана Унковска, а финалниот дизајн е изработен во печатницата „Де ла ру“, Велика Британија.

Од 15 декември 2016 година, во оптек се пуштени и книжни пари од 200 и 2.000 денари. Творец на идејните и ликовно-графичките решенија за изгледот на овие книжни пари е графичкиот дизајнер Ласко Џуровски.

Во 2018 година, се пушаат во оптек и првите полимерни пари во земјава со вредност од 10 и 50 денари.

Како платежно средства се користат и кованите пари од еден, два, пет, 10 и 50 денари. До 2013 година се користеше и монета од 50 дени, која беше најниска домашна валута. Во моментов најниска домашна валута е еден денар.

Името нашата национална валута го добила според истоимената античка римска валута – денар (лат. denarius), што се употребувала и на нашата територија во минатото.

Книжни и ковани пари според законската регулатива, издава Народната банка, која е и одговорна за снабдување со книжни и ковани пари.

Поврзани вести

УПОЗ бара вонредна инспекција поради не исплатата на К-15 за 2020 година

Влатко Зорба

Ниту една економија не може целосно да закрепне сè додека немаме глобален правичен пристап до вакцини, вели премиерот

Влатко Зорба

Со ребалансот нема кратење на парите за финансирање на политичките партии