СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Прходите од видеоигри оваа година 160 милијарди долари, до 2023 година, индустријата за игри ќе прави над 200 милијарди

Глобалниот пазар на видео игри ќе генерира приход од 159,3 милијарди американски долари оваа година, што претставува раст од 9,3 проценти во однос на претходната година, се вели во извештајот на Newzoo. Тие, исто така, прогнозираат дека приходите од таа индустрија ќе надминат 200 милијарди долари до 2023 година.

За споредба, Дизни во претходниот квартал забележа загуба од 1,4 милијарди долари, а целата филмска индустрија изгуби близу 10 милијарди американски долари од почетокот на годината, поради мерките за сузбивање на пандемијата, што ги намалија другите сектори на забавната индустрија, покажаа неколку студии.

Најголем раст на приходите ќе има во сегментот игри за мобилни уреди, за што придонесе и затворањето на многу интернет-кафулиња и зголемената достапност на мобилните уреди за време на пандемијата на вирусот.

Според аналитичарот на Newzoo, Том Виџман, приходите од продажба на мобилни игри во 2020 година ќе достигнат 77,2 милијарди долари, или 13,3 проценти повеќе отколку во 2019 година.

Исто така, се проценува дека од 2,7 милијарди корисници на игри, 2,6 милијарди ќе играат на мобилни уреди. Сепак, само 38 проценти ќе платат за игра на мобилниот телефон, покажува истражувањето.

Единствениот сектор во индустријата за игри, кој се очекува да загуби приходи, се игрите базирани на пребарување, за 13,4 проценти оваа година, на 3,08 милијарди долари.

Според Виџман, растот на приходите обично е многу побавен во светот на игрите за компјутери, бидејќи најпопуларните игри постојат околу три години, дури и повеќе од една деценија. Покрај тоа, интернет-игрите бележат некои одложувања токму поради „Ковид-19“. Продажбата на игри на персонални компјутери се очекува да падне за 4,8 проценти оваа година, на 36,9 милијарди долари.

„Ако некој сака да игра одреден наслов, тоа е повеќе од веројатно дека ќе чека уште еден месец. Секако, ако тоа се претвори во половина година или година на чекање, приказната се менува. Сепак, не го забележавме тоа. Можеби ќе забележиме малку повеќе движење на сивиот пазар, ако игрите се достапни во други земји, но дури и тоа ќе биде ограничено на неколку големи фанови кои не можат да чекаат да играат одредена игра“, рече Виџман.

Но, како што истакнува, преземените игри на персонални компјутери се друга приказна.

„Првенствено, пазарот ќе се нормализира по рекордните месеци на ангажман и трошење што сега ги запишуваме. Тоа ќе биде предизвик за компаниите за игри да задржат некои од поновите играчи, но очекуваме некои нови играчи да продолжат да играат. Пандемијата сигурно ќе го забрза преминот кон дигиталната продажба на конзоли“, рече Виџман.

Поврзани вести

Inseego и Net4 ги здружија силите за да испорачаат 5G решенија за приватните мрежи низ Европа

Stefanija Kuzmanovska

Samsung подготвува неколку подароци со серијата Galaxy S21

Влатко Зорба

Кој е најдобриот антивирус за Android?

msp-admin