Целта на новиот економски пакет на Владата е стимулирање на јавната и приватната потрошувачка, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук.
– Со новиот економски пакет ги стимулираме и јавната и приватната потрошувачка. Ќе стартуваат проекти кои беа планирани за 2021 или 2022 година. Се работи за водоводи, патишта, канализации, гасификацијата, железници, училишта и градинки. На тој начин ќе го активираме градежништвото, а тоа придвижува и 72 други гранки со него, наведува Заев во објавата.
Тој потенцира дека дополнително ќе бидат насочени средства директно кон граѓаните за да ѝ помогнат на домашната економија.
– Тие ќе трошат таму каде што можат да помогнат купувајќи домашни производи, домашни услуги, додава Заев во објавата на Фејсбук.