СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Кои се најдобрите 10 аеродроми во светот?

Интернационалната агенција за рангирање на воздушниот транспорт, Skytrax, чиешто седиште е во Велика Британија, осми пат по ред го прогласува сингапурскиот аеродром Changi за најдобар аеродром во светски рамки.

Changi е познат по убавата градба, ефикасното работење, луксузните удобности и големиот избор на храна и опции за шопинг.

Рангирањето, спроведено од Skytrax, се базира на оценките од милиони патници од 100 земји. Во истражувањето беа вклучени повеќе од 550 аеродроми, а беа испитувани неколку параметри поврзани со услуга и перформанс. Само два европски аеродроми се наоѓаат на листата од Холандија и Германија, а аеродромот Heathrow во Лондон и аеродромот во Цирих кои минатата година беа на врвот, повеќе не се во првите 10.

Ова се 10-те најдобри аеродроми за 2020 година според Skytrax:

1. Changi, Сингапур
2. Haneda, Токио
3. Hamad, Доха
4. Incheon, Јужна Кореја
5. Munich, Германија
6. Hong Kong, Хонг Конг
7. Narita, Токио
8. Chubu Centrair, Јапонија
9. Schiphol, Амстердам
10. Kansai, Јапонија

Поврзани вести

Авиокомпаниите, аеродромите и производителите на авиони на работ на пазарна егзистенција

Влатко Зорба

Путин рече дека можеби ќе се занимава со лозарство, акциите на неговиот пријател винар скокнаа за 11%

Влатко Зорба

И покрај рекордните испораки, „Тесла“ отпушта стотици вработени

msp-admin