СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Икеа почна да продава и мали домови

Шведската компанија Ikea изгради мал дом којшто “живее“ многу. Куќата не штеди на стилот или на удобностите, а дизајнирана е со одржливост во својата основа.

Шведската компанија соработуваше со Vox Creative и американската RV како и малечкиот градител на домови Escape за дизајнирање куќа за заштеда на простор со еколошки карактеристики.

Escape ја изгради приколката, која е прилагодена верзија на неговиот модел Vista Boho XL, дизајниран со соларни панели и тоалети за компостирање. Vox Creative создаде искуство за купување преку интернет, каде што публиката може да го истражува домот и да купи мебел или додатоци.

Градењето на еден мал дом трае околу 60 дена, а како што вели Еби Старк, дизајнер на ентериер од Ikea, компанијата сака да обезбеди материјал за повеќекратна употреба, како и материјал што може да се рециклира за да го направи просторот функционален и убав.

Моделот Ikea BOHO XL се продава по почетна цена од 47.550 долари.

Поврзани вести

Дали преку ноќ треба да го гасите компјутерот кога работите од дома?

msp-admin

Започнува продажбата на HUAWEI Mate Xs на македонскиот пазар

msp-admin

Филип Морис Интернешнал со промена во лидерството на компанијата

msp-admin