СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Властите на 23 држави во светот побарале пристап до технологија за следење контакти од Епл

Властите на 23 држави во светот побарале пристап до технологија за следење контакти од компаниите Епл и Гугл.

Двете компании соопштија дека неколку американски сојузни држави и 22 други земји побарале пристап до нивните технологии, но засега не се знае колку на крајот ќе објават мобилни апликации кои ги користат.

Употребата на апликациите за брзо следење на контакти, во кои властите идентификуваат и тестираат луѓе кои неодамна биле во близина на носители на коронавирусот, се појави како потенцијална алатка за спречување нови епидемии.

Тоа би можело да им помогне на властите да тестираат повеќе потенцијално заразени лица, отколку што може со евентуално сеќавање на пациентите за неодамнешните интеракции.

Поврзани вести

Facebook е првата апликација, што не е во сопственост на Google, која е преземена над 5 милијарди пати за Android

msp-admin

Вештачки интелект во Spotify ќе препорачува музика според вашето расположение

Влатко Зорба

Џек Ма: Alibaba спречува 300 милиони хакерски напади на ден

msp-admin