СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Кибер-око кое функционира исто како човечкото око

Научниците долги години работат на креирање колку е можно подобро вештачко око, но тешко е да се направи нешто што ќе изгледа како вистински човечки орган.

Истражувачи од Универзитетот за наука и технологија во Хонгконг креираа нова верзија на кибер-око, чија функција и структура има многу сличности со човечкото око.

Вештачката мрежница е изработена од алуминиум оксид исполнет со густо испреплетени нано-жици. Тие се чувствителни на светлина и се направени од соединение наречено перовскит, што најчесто се користи во соларните ќелии.

Тие работат како нервни клетки во човечкото око, пренесувајќи електрични сигнали кога се активираат од светлина. Ова кибер-око има дијаметар од два сантиметра, а празнината во центарот е исполнета со спроводлива течност, пишува британското списание „Њу сајентист“.

Научниците веќе тестираа дали кибер-окото го препознава тоа што му се покажува. Тие го поврзаа окото со компјутер, што ги препознава буквите I, E и Y.

Научниците истакнаа дека, во теорија истото би се случило доколку го поврзат со човечкиот оптички нерв.

Можностите на кибер-окото се до одреден степен, слични на човечкото. Гледа речиси ист спектар на светлина, а времето на реакција е побрзо.
Сепак, иако работи исто како човечкото око, сигурно ќе биде потребен долго време пред вештачко око, како што е ова, да се искористи за да им се врати видот на луѓето.

Недостатоците кај кајбер-окото се тоа што има помал агол на гледање од десното око, а резолуцијата е многу пониска отколку, на пример, кај мобилните телефони.

Исто така, научниците веруваат дека еден ден би можеле да го снабдат кибер-окото со сончева светлина, па можеби нема да биде потребен посебен извор на енергија, барем додека не се стемни надвор.

И покрај се, ова би можело да сигнализира возбудлива пресвртница во технологијата, иако веќе ги поместува границите на можностите за вештачко око. Со доволно прецизност и правилен развој, ова може да доведе до импланти кои го обновуваат видот.

Поврзани вести

Expanscape покажа лаптоп со седум дисплеи

Влатко Зорба

Не ви се допаѓа новиот Facebook? Вратете го стариот со едноставен трик

msp-admin

Instagram тестира опција за испраќање на директни пораки од компјутер

msp-admin