СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

САД ќе принудува држави да престанат да соработуваат со Huawei?

Сиромашните земји би можеле да се соочат со тешки одлуки кога станува збор за нивната соработка со Huawei, ако во конфликтот меѓу САД и Кина се појави ситуација „или вие сте со нас или против нас“, смета Иан Бремер, претседател на Групацијата Евроазија, светска корпорација за геополитичка проценка на ризикот (CIRSD).

Многу земји чии економии не се силни, вели тој, ќе мораат да донесат тешки одлуки и тие одлуки ќе чинат повеќе со текот на времето.

„Може да бидат Србија, Италија, Грција и другите балкански земји“, рече Бремер, додавајќи дека проблемот, според CIRSD, е во тоа што сиромашните земји го гледаа Хуавеј како ефтина алтернатива, додека не постои американска алтернатива.

„Американците ќе се обидат да го направат Huawei помалку привлечен“, рече тој.

Американската стратегија, вели тој, се заснова на ставот „ние сме најмоќната земја во светот, нашите технолошки компании се доминантни, ние извезуваме енергија и храна, имаме глобална валута и ако нè измамите, тоа ќе ве повреди, а ако сте наши сојузници, тогаш ќе мора да работите многу повеќе со нас“.

Бремер изјави дека „Кина не е Иран“ и дека ќе возврати ако Америка ја нападне економски, што не мора да значи дека ќе избие трета светска војна, затоа што Кина не е светска воена моќ, туку регионална.

„Сепак, Кина би можела да изгуби многу повеќе од Америка, која има подобри шанси за победа во економската студена војна. За Кина, таа војна значи затворање на пазарите на Соединетите држави, Јапонија и богатите европски земји. Во тој случај, кинескиот систем би можел да експлодира, затоа што ќе се потпира пред се на домашната потрошувачка и ќе мора да го поддржува целиот систем на неефикасни државни компании“, рече Бремер, според соопштението на CIRSD.

Поврзани вести

Маск го покани Путин на разговор: „Би ми било чест“

Влатко Зорба

„Фолксваген“: Бајден подобро ќе се вклопи во нашата стратегија за електрични автомобили

msp-admin

Најскапата куќа во Белград продадена за 4,5 милиони евра

msp-admin