СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Угостителите единствени: Денеска ќе пуштаат музика ако не ги отворат локалите

Владата на денешната седница се очекува да донесе одлука за отворање на кафулињата и рестораните, а одлуката треба да стапи на сила до крајот на оваа седмица.

Со цел да се чуе гласот на угостителите но и да повикаат на поскоро отварање кафеанџиите одлучија да  повикаат на музика: Денеска од 12 до 18 часот сите да ги пуштат на најјако звучниците во локалите и да повикаат на отворање.

– По продолжениот карантински викенд, ги повикуваме сите сопственици на угостителски објекти  во сите локали да се извади по некој звучник и да се пушти музика. Целта е да покажеме дека сме тука и полека да привлечеме внимание и да ги разбудиме луѓето и одговорните. Исто така, ќе извршиме дополнителен притисок, дека сме подготвени за поскоро отварање. Ве повикуваме сите заедно утре точно од 12- 18 часот да пуштаме музика, секој по свој избор и да покажеме единство, се вели во писмото на дел од сопствениците на угостителските објекти.

Поврзани вести

Тендер за набавка на механизација за ископ на јаглен во РЕК Битола

Влатко Зорба

Арсовска: Приватниот сектор очекува тешка 2020 година

Никола Поповски

ЦГК: Повеќе од 8 милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

Влатко Зорба