Лидерот на „Samsung“ групата, Ли Џaе-Јонг, се појави на суд чекајќи одлука дали, според обвиненијата кои вклучуваат сметководствена измама и манипулација со акции, ќе се врати во затвор по повеќе од две години затвор.
Обвинителите побараа потерница за апсење на Ли, откако го испитаа контроверзното спојување на две подружници на „Samsung“ во 2015 година, што му помогна да дојде на чело на целата група.
Ли, кој ја презеде контролата врз компанијата откако неговиот татко имаше срцев удар во 2014 година, го разви конгломератот и нејзиниот „скапоцен камен во круната „Samsung Electronics“, чиј годишен приход е 12 проценти од бруто-домашниот производ (БДП) на цела Јужна Кореја.
Педесет и едногодишниот Ли се појави на расправата во маска, во црн костум.
По влегувањето во судот, тој не одговори на прашања од новинарите.
По сослушувањето, тој ќе ја чека одлуката на судот во притвор, јавува Ројтерс.
Обвинителите го товарат Ли за вмешаност во нелегални трансакции и манипулации со акции што го олеснија спојувањето на подружниците на Samsung во 2015 година, а тој е исто така обвинет за погрешно претставување на вредноста на Samung Biologics.
Соединувањето на двете подружници се верува дека било клучно во воспоставувањето на контролата на Ли на компанијата.
Samsung ги отфрли обвинувањата против Ли, велејќи дека е „вон здравиот разум“ да се каже дека Ли бил вмешан во одлуката за спојување, додавајќи дека долгата истрага се фокусирала на управувањето, која сега е во криза поради пандемијата на коронавирусот и трговскиот спор САД и Кина во врска со таксите.
Доколку биде уапсен, тоа дополнително ќе му наштети на неговиот углед, но и на угледот на компанијата.
Ќе се постави прашањето за оправданост тој да ја предводи компанијата, велат јужнокорејските економски експерти.
Ли помина околу една година затвор во 2018 година, под обвинение за поткупување на владини службеници со скапи подароци за да може полесно да се спојат компаниите.
Врховниот суд на Јужна Кореја ја поништи одлуката на понискиот суд и ја укина казната, но сè уште е нејасно дали Ли ќе треба повторно да оди во затвор.