СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Промовирана новата конзола: Сони го претстави Плејстејшн 5 (видео)

Гејмерите веќе почнаа да губат трпеливост бидејќи Сони, покрај бројните најави, ја откажуваше премиерата на својата нова конзола. Но, Плејстејшн 5 конечно е тука!

Новата генерација на конзолата, која треба да излезе во продажба во декември, ќе биде достапна во две хардверски варијанти, едната ќе има 4K Blu-ray диск, додека другата ќе биде целосно дигитална. Цените засега не се познати, се шпекулира дека ќе биде околу 670 евра, како и дека дигиталната верзија ќе биде нешто поевтина, пишува „Noizz“

Новата конзола ќе има и нови контролори, кои се веќе најавени, а Сони најави голем број додатоци, како полнач, далечински управувач, безжични слушалки…

Она што е познато од порано е дека се напојува со процесор AMD Zen 2 и графички чип базиран на архитектурата AMD RDNA 2. Сони исто така разви свое решение за SSD за да го забрза вчитувањето на играта, а конзолата треба да има 825 GB меморија и брзина на читање од 5,5 GB / s. PS5 ќе поддржува 8K и 4K графика на 120 Hz.

Покрај деталите за конзолата, Сони објави голем број на игри кои се веќе подготвени, како што се Grand Turizmo 7, NBA 2K21 …

Поврзани вести

Google може да пушти Pixel смартфон со 5G следната недела

msp-admin

WhatsApp подготвува онови функции во 2021 година

Влатко Зорба

Samsung нема да пушти Galaxy Note 21

Влатко Зорба