СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Големо изненадување лежи во одличниот дисплеј на iPhone 13

Се шпекулира дека дисплејот на iPhone 13 Pro ќе има некои значајни промени, а некои ситни подобрувања ќе бидат достапни и за другите модели на iPhone 13. Според аналитичари, веројатно ќе видиме подобрени 120HzHz LTPO дисплеи направени од Samsung Display за првите два моделот iPhone 13, според извештајот на The Elec. Додека 120Hz и LTPO беа гласини и претходно за iPhone 13, деталите за останатиот дел од iPhone 13, па дури и iPhone 14 сериите се свежи.

LTPO (што значи поликристален оксид со ниска температура) е вид на транзистор кој е дел од дисплејот на паметниот телефон. Предноста на овој тип е што овозможува она што Samsung Display го нарекува „Adaptive Frequency“, дозволувајќи му на телефонот автоматски да ја менува брзината на освежување.

Додека високите стапки на освежување значат помазно движење при сурфање на Интернет и поглатко доживување на компатибилни филмови и игри, ова е енергетски интензивна карактеристика што резултира во драстично пократко траење на батеријата. Дозволувањето на телефонот да ја прилагоди брзината на освежување при движење, како што е нејзино зголемување додека играте и намалување додека е на почетниот екран, може да ја задржи потрошувачката на батеријата под контрола.

Сите четири модели на iPhone 13 се очекува да имаат OLED дисплеи, како што е случај со четирите уреди што ја сочинуваат серијата iPhone 12. Разликата е во тоа што iPhone 13 линијата ќе користи „on-cell“ OLED панели, кои се потенки и поевтини за употреба од Apple бидејќи имаат вградени карактеристики на екран на допир наместо да се додаваат преку посебен слој на допир на екранот.

Се очекува во 2022 година сите модели да добијат LTPO дисплеи. Ова ќе биде година кога ќе се појави iPhone 14. Samsung Galaxy Note 20 Ultra веќе ја користи оваа технологија и гласините покажуваат дека Galaxy S21 Ultra исто така ќе ја користи, така што информацијата дека Samsung Display ќе им обезбеди Apple LTPO панели не е крајно изненадувачки.

Поврзани вести

Аерогел може да го претвори Марс во пријатно место за живеење

Влатко Зорба

ВИДЕО покажува интересна промена во дизајнот на Mate X

msp-admin

OnePlus патентира ново решение за селфи камера за смартфони (ФОТО)

Влатко Зорба