За еден денар од полноќ поскапуваат нафтените деривати, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Според најновата одлука на РКЕ, во следните седум дена цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,50 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 62,50 ден/лит, а малопродажната цена на дизелот ќе изнесува 52 ден/лит.
Поскапо за еден денар ќе биде и Екстра лесното масло за домаќинство. Неговата нова цена ќе биде 41 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 0,510 ден/кг во однос на претходно утврдената цена со што тој ќе се продава по 25,396 ден/кг.
Зголемувањето се должи на поскапувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.