СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Закерберг вели дека Apple продава премногу скапо

Извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг, ги критикуваше идните очила за мешана реалност на „Епл“ во интервју за подкастот „The Information”. Според него, Фејсбук ќе лансира свои очила за виртуелна реалност, кои ќе бидат многу поевтини од тие на конкурентите.

„Мислам дека ќе се обидеме да ги понудиме овие производи по најниска можна цена за да ги направиме достапни за секого. За разлика од некои други компании од оваа област, кои главно ги дефинираат високите цени како нивен деловен модел, еден од нашите главни принципи е дека сакаме да им служиме на сите. Јас сум многу фокусиран не само на тоа како да направам добар AR и VR уред, туку и на тоа како да чини 300 долари наместо 1.000 долари“, рече шефот, цитиран од „The Information”.

Основачот на најголемата социјална мрежа ги критикуваше и плановите на „Епл“ да користи камери за да пренесува видео од реалниот свет на екраните на уредот. Иако тој не го спомна Епл, на сите им стана јасно дека неговите зборови беа упатени кон компанијата од Купертино.

За Apple се шпекулира дека развива шлем за мешана реалност со многу иновативни технологии. Се очекува да има 12 камери за снимање на реалниот свет, како и вградени 8K екрани. Таквиот уред може да чини околу 3.000 долари.

Поврзани вести

Инфлацијата нагло порасна во еврозоната и ЕУ

Влатко Зорба

Бугарската компанија за гас им враќа на граѓаните скоро 100 милиони евра

msp-admin

Околу 5 милиони работници остануваат без работа во автомобилската индустрија

msp-admin