СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Турција може да остане без нови Android смартфони

Google ги извести своите деловни партнери во Турција дека не може да работи со нив за новите паметни телефони со Android, што ќе бидат пуштени во земјата. Причината за ова е што локалниот Совет за конкуренција ги смета за неприфатливи промените направени од Google во договорите за партнери.

Во септември 2018 година, турскиот орган за конкуренција го казни Google со 93 милиони лири (17,4 милиони американски долари) за прекршување на законот за продажба на мобилен софтвер. Компанијата доби шестмесечен рок да изврши измени во договорите што ќе ја повратат конкуренцијата, забележува CDR Info.

Турскиот регулатор побара од Google да ги смени сите договори за дистрибуција на софтвер, така што корисниците ќе можат да изберат различни пребарувачи на оперативниот систем Android. Според изворот, барањето е поставено од пребарувачот Yandex.

Google направи измени во договорите со партнерите, но на 7 ноември, Советот за конкуренција одлучи дека тие се несоодветни бидејќи сè уште не обезбедиле стандарден пребарувач.

„Ние ги известивме нашите деловни партнери дека нема да можеме да работиме со нив на новите Android телефони што ќе бидат пуштени на турскиот пазар“, се вели во соопштението на Google.

Корисниците ќе можат да купат актуелни модели на уреди и да ги користат нормално со апликации. Другите услуги на Google нема да бидат засегнати, велат од компанијата, изјавувајќи дека тие работат со регулаторот за решавање на проблемот.

Поврзани вести

Ако Македонец сака да си купи нов iPhone, тогаш само за него ќе мора да работи 76 дена

msp-admin

Сугарески: Граѓаните да не купуваат или резервираат авиобилети

msp-admin

Европскиот пазар на 5G инфраструктура ќе забележи огромен раст до 2026. година

Влатко Зорба