Претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев денеска во Росоман оствари средби со претставници на бизнис секторот и со вработените во повеќе фирми на кои се зборуваше за успешното справување со последиците од економската криза предизвикана од пандемијата како и за новата понуда во следниот четиригодишен мандат со којашто заедно ќе градиме нова развојна економија.
Во разговорите со претставниците на бизнис секторот од Росоман тој укажа на тоа дека СДСМ успешно се справува со негативните ефекти предизвикани од корона кризата, преку трите сета на мерки за помош на македонската економија пуштени се во оптег 1.1 милијарда евра, односно 10% од вредноста на БДП. Првите резултати се видливи, економијата закрепнува побрзо од очекуваното.
Конкретно во Росоман поддршката за исплата на плати и придонеси добиле 18 компании кои вработуваат 83 граѓани. Бескаматни кредити добила 1 компанија со 15 вработени, а 533 граѓани добиле платежни картички.
„Посветени сме на максимална поддршка на бизнис секторот, бидејќи ни е важно да се зачува секое работно место и да се создадат услови за отворање на нови. Изминативе 3 години имавме рекордна поддршка на домашните компании која изнесуваше 100 милиони евра. И во следниот мандат продолжуваме уште повеќе и уште подобро да ги поддржуваме компаниите со поддршка 600 милиони евра обезбедена од буџетот и европските фондови“ порача претседателот Заев на средбите со бизнис секторот.
Претседателот Заев заклучи дека е важно државата да продолжи на правиот пат кој овозможува развој на нова македонска економија за раст на компаниите и приватниот сектор и затоа е важно граѓаните да излезат на изборите кои ќе бидат безбедни по здравјето и да ја дадат својата поддршка и глас за СДСМ и коалицијата „Можеме“.