СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар

Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за половина денар и ќе се продава по 60,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензинот Еуросупер БС – 98 и на Еуродизел (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат 63 и 52,50 денари за еден литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа неговата нова цена изнесува 52,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,156 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 29.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,980 ден/кг.

Поврзани вести

Рен Женгфеи: Huawei е подготвен да ја пренесе целата 5G технологија доколку некој побара

Влатко Зорба

Маск: Ризикувајте повеќе, работете помалку

Влатко Зорба

Здружението GSMA назначи претставник на Huawei за заменик претседател на eSIM WG1

msp-admin