СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

МТСП: Со субвенцинирање на плати вработени 1.346 лица

Активните програми и мерки за вработување и во услови на криза им овозможуваат на компаниите полесно да ангажираат работници, при што над илјада работни места се поддржани само со мерката „Субвенционирање на плати“ , за која компаниите покажаа исклучителен интерес, информира Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Агенцијата за вработување досега распиша два јавни огласи за мерката, на почетокот на март и кон крајот на месец мај, а досега се потпишани договори со 1.042 компании за вработување на вкупно 1.346 лицa.

Финансиската поддршка поттикнува вработување на млади лица и се настојува да се постигне еднаква родова застапеност.

„Со овие два огласи, поддржани се вработувања на 663 лица до 29-годишна возраст и на 663 жени, а финансиската помош за новоотворените работни места досега изнесува 302.556.000 денари. Кај субвенционирањето на плати поддршката може да биде 3, 6 или 12 месеци. Се субвенционира бруто плата од 19.000 денари по лице. Со најголемата поддршка, фирмата добива неповратни 228.000 денари за вработување на едно лице, кое работодавачот има обврска да го задржи на работа вкупно 30 месеци“, пишува во соопштението од МТСП.

Интересот на компаниите за отворање нови работни места со користење на мерката субвенционирање на плата ги надмина првично планираните средства и опфат на корисници, па Агенцијата за вработување ќе објави нов оглас.

Поврзани вести

Турција се „шири“ во Африка, Америка, Русија… „на најбрз и најефикасен начин“

Stefanija Kuzmanovska

Бислимоски: Буџетот на РКЕ да се намали за 8%, непредвидените расходи се анулирани во целост

Влатко Зорба

Земјоделците и откупувачите ја оценуваат годинашната производствена сезона како една од најдобрите досега

Влатко Зорба