СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Хуавеј за забраната во Велика Британија: Наместо да одиме на следното ниво, владата одлучи да се повлече

Кинеската компанија Хуавеј оцени денес дека одлуката на Велика Британија да ја отстрани опремата за новата генерација на пренос на 5G податоци  е лоша за секој корисник на мобилен телефон.

Одлуката, смета компанијата, може да ја стави Велика Британија „во состојба на бавна дигитализација, зголемување на сметките и продлабочување на дигиталниот јаз“.

„Наместо да ја однесе на следното ниво, британската влада реши да оди наназад и преку ова ве повикуваме да ја преиспитате вашата одлука“, соопштиле од Хуавеј.

Компанијата смета дека британската одлука е „исполитизирана“ и дека се потпира на трговската политика на САД, без никаква врска со прашањето за безбедноста на идната мрежа.

„Ќе соработуваме со британската влада за да објасниме како можеме да придонесеме за тоа“, се во изјавата на Хуавеј.

Британската влада денес се откажа од својот план да и даде на кинеската телекомуникациска компанија ограничена улога во новата брза мобилна мрежа, а таа одлука се однесува и на политичките односи меѓу Лондон и Пекинг.

Велика Британија објави дека ја вовела забраната поради санкциите на САД, кои се сомневаат во можноста за кинеска шпионажа со помош на опремата на Хуавеј, како и дека ќе се сврти кон другите добавувачи на 5G опрема.

Поврзани вести

MediaTek Dimensions 1000 5G – 8-јадрен процесор за смартфони со поддршка на 5G и Wi-Fi 6

msp-admin

Безбедносен проблем со TikTok ги става во ризик личните податоци на корисниците

Влатко Зорба

Microsoft веќе не дозволува да се исклучи антивирусот на Windows 10

msp-admin