СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Spotify од денеска достапен за Македонија

Spotify, најпопуларната услуга за претплата за аудио стриминг во целиот свет, ќе биде достапна во Македонија од денеска, 14 јули.

Заедницата Spotify во светот има повеќе од 286 милиони членови, вклучувајќи и 130 милиони премиум претплатници.

Spotify ќе понуди искуство за слушање домашна и странска музика – повеќе од 50 милиони песни и милион подкасти.

Spotify е достапен бесплатно, а со претплата на Spotify Premium добивате верзија без прекинување.

Покрај македонскиот пазар, Spotify беше промовиран денес на 12 нови пазари вклучувајќи ги Молдавија, Казахстан, Белорусија, Русија, Албанија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Косово, Црна Гора, Украина и Србија.

„Денешното лансирање на платформата ја отвора вратата за скоро 250 милиони обожаватели да започнат со откривање на нова музика од целиот свет на Spotify, но и за уметниците од регионот да се поврзат со фановите од целиот свет“, рече Федерика Тремолада, извршен директор на Sportify за Југоисточна Европа.

Таа исто така додаде: „Лансирањето на 13 нови пазари е важен момент на патот на Spotify, особено затоа што сега вклучуваме обожаватели и уметници на големи и растечки музички пазари, каде стримингот е широко прифатен и каде гледаме одлична можност за Spotify“.

Поврзани вести

Lenovo Legion 2 Pro ќе има Qualcomm Snapdragon 888 и 16 GB RAM меморија

Влатко Зорба

Роботот Софија создаде дело кое се продаде за 688.888 долари

Влатко Зорба

Facebook ќе го претстави новиот дел „News“ на 25 октомври

msp-admin