Пандемијата на коронавирус негативно се одрази на бизнисот на глобалниот ланец на кафетерии „Старбакс“.
Затворањето на кафетериите поради мерките преземени против ширењето на короната до крајот на јуни и донесе на компанијата нето загуба од 678 милиони долари, објави „Старбакс“.
Приходот паднал за 38 проценти на 4,2 милијарди американски долари.
И покрај големите загуби, „Старбакс“ мина низ кризата подобро отколку што очекуваа аналитичарите.
Шефот на компанијата, Кевин Џонсон, рече дека бизнисот континуирано закрепнува и дека повеќето филијали низ целиот свет повторно се отвориле.