СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Ковид-19 го забрзува растот на е-трговијата

Министерката за финансии, Нина Ангеловска денес остварила состанок заедно со претставници на УЈП – Управа за Јавни Приходи, Царинска управа , Државен пазарен инспекторат (ДПИ), Economic Chamber of Macedonia Стопанска комора на Македонија, Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија Асоцијација за е-трговија на Македонија и Агенција за пошти и разговарала за активностите кои што може да се преземат уште веднаш како одговор на сивата економија во е-трговија која што се случува, а во насока на заштита на компаниите и заштита на потрошувачите.

„Е-трговијата нуди можности, но носи и нови предизвици, како за компаниите кои треба да стенуваат нови вештини и да градат нови капацитети, така и за институциите. – во поглед на борбата против сивата економија, но и заштита од нелојална конкуренција на компаниите. Вo Министерство за финансии уште пред кризата изготвивме предлог акциски план за борба со сивата економијата, во кој воведовме посебен дел наменет за сивата економија во е-трговија, кој вклучува активности за системски решенија, градење на капацитетите на институциите и кревање на свеста кај граѓаните“, стои во објавата на Ангеловска.

Според неа, на кус рок ќе ги зајакнат расположивите институционални механизми и контроли со цел да се намали сивата економија, додека на среден рок потребна е законска рамка за е-трговија која ќе ги постави јасно правилата со цел – од една страна да се заштитат потрошувачите и нивните права, а од друга страна фер конкуренцијата на пазарот и наплатата на давачките во државната каса.

„Компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар. Е-трговијата евидентно е во пораст со КОВИД-19 пандемијата. Значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции. Само во март 2020 има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како за цела 2019 година. Но, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи“, соопшти Ангеловска. 

Поврзани вести

Штерјова Душковска нов генерален секретар на Коморскиот инвестицски форум со седиште во Трст

Влатко Зорба

Бизнис конфедерација на Македонија: Четвртиот пакет мерки се амортизер на негативните ефекти од кризата

Влатко Зорба

Битиќи: Обезбедуваме минимална пензија и стабилизација на пензискиот фонд