Стандард
ЕКОНОМИЈА

УЈП објави листа на должници: Вкупниот нето долг намален за 3,5 милиони евра

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објави најновата листа на должници за долгови доспеани до 30.11.2020 и неплатени до 28.02.2021 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е: повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата бр.03/2021 објавени се 2.790 должници – правни лица (помалку за 28 од претходната листа) и 1.825 физички лица (помалку за 28 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.03/2021 изнесува 10.087.488.923 денари (163,5 милиони евра), помалку за 193.775.645 денари (3,5 милиони евра) од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.035.439.846 денари или 162,6 милиони евра (помалку за 187.957.192 денари од претходната листа или 3 милиони евра), додека долгот за царински давачки е 52.049.077 денари или 843.583 евра (помалку за 5.818.453 денари од претходната листа).

Кај правните лица на чело меѓу должниците и понатаму е Те-То АД Скопје, а во првите 10, меѓу другите, се и Национални шуми и Комуналец Гостивар.

Поврзани вести

Заев: Возилата со странски таблички на секои 3 месеци да се изнесуваат од државата во траење од 3 месеци

Берта Китинска

ЕЦБ инјектира дополнителни 750 милијарди евра во системот за борбата со коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Вработените од Тиго Фајнанс со донација за здружението за дигитална инклузија „Отворете ги прозорците“

Влатко Зорба