СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Фајнанс тинк“: Поради коронавирусот, да се подготви план за поддршка на граѓаните и фирмите

Институтот за економонски истражувања и политики „Фајнанс тинк“ денеска оцени дека главниот економски ризик од состојбата со коронавирусот се однесува на потенцијално позначително нарушување на ликвидноста во економијата, поради што препорачува примарен фокус на секаков контингентен план да биде ставен врз овозможување поддршка на граѓаните и компаниите во непречено извршување на финансиските обврски.

– Во овој момент, и покрај нагласениот ризик, нема знаци на особени нарушувања на економските текови во македонската економија, но рапидниот развој на настаните наметнува потреба од дизајнирање контингентен економски план од мерки кои би се презеле ако ризикот се материјализира, оценува „Фајнанс тинк“.

Според „Фајнанс тинк“, во услови на настапување итност неопходно е да се предвиди заедничка и координирана акција на економските власти, првенствено Министерство за финансии и Народна банка во државава за преоценување на ликвидносната позиција на државниот Буџет и планирање резервен фонд кој би се искористил во итна ситуација.

Од „Фајнанс тинк“ препорачуваат и целосно преземање на товарот за исплата на надомест за боледување и за отсуство од работа согласно веќе донесените препораки за отсуство од работа, план за релаксирање на условите за измирување на даночните обврски од малите и средните претпријатија со тековно доспевање, како и т.н. „водство“ (“forward guidance”) од страна на централната банка, која во итна ситуација би овозможила зголемена ликвидност преку монетарните инструменти, и особено преку дисконтната рамка.

Како што наведува Институтот, во услови на прогласување пандемија од Ковид-19 на глобално ниво, паралелно на одговорот на заканата од страна на здравствените власти, неопходно е соодветно планирање на одговор и од страна на економските власти, во координација со засегнатите страни.

– Навременото комуницирање на ваков план со јавноста ќе испрати сигнал за подготвеност на економските власти и ќе ги димензионира очекувањата на економските агенти соодветно на новонастанатата ситуација, наведува „Фајнанс тинк“ во ставот за одговор на економските власти на заканите од Ковид-19 за економијата.

Поврзани вести

Стратегија за енергетика: Инвестиции до 17 милијарди евра во следните 20 години

Влатко Зорба

Бочварски: За пругата од Куманово до Бугарија треба да се изградат над 90 мостови и 32 тунели

Влатко Зорба

Влада: Граѓаните можат да ја користат поддршката од 6.000 денари без рокови и ограничувања

Берта Китинска