СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бислимоски: Приклучокот на природен гас на домаќинствата ќе чини до 100 евра

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека во следниот период ќе следува избор на јавен-приватен партнер за развивање на дитрибутивната мрежа на природен гас во целата држава.

Изборот на јавен-приватен партнер следува во наредниот период, а Бислимоски очекува тоа да се случи до крајот на првата половина од годинава. Според информациите на РКЕ, во крајната фаза остануваат две компании од Турција.

– Она што е важно е дека тендерски услов кој ќе биде најбитен, ќе биде најниската цена која ќе се понуди за приклучок на природен гас. Нашите очекувања се дека тоа ќе биде под 100 евра по приклучок. Тендерирањето ќе започне од 100 евра и мислам дека тоа ќе претставува придобивка за домаќинствата кои ќе имаат низок трошок за приклучување. Очекуваме од новиот јавен-приватен партнер да обезбеди и соодветни евтини кредити кои ќе им овозможат на домаќинствата да ја заменат својата инсталација на рати на повеќе години, изјави денеска Бислимоски.

Ќе биде побарано и од општините да даваат донации за домаќинствата кои ќе сакаат да се приклучат на мрежата на природен гас за овој еколошки енергенс да стане многу подостапен до граѓаните.

Поврзани вести

Битиќи на регионална еконoмска конференција во Косово: Да ги искористиме нашите потенцијали и да создадеме конкурентен регион

Кина ќе биде единствената што ќе доживее раст: проценка на ММФ за големите економии

Влатко Зорба

За безбеден зимски туризам набавени возила и специјализирана опрема во прекуграничниот регион околу Охридското Езеро

Влатко Зорба